20 Април, 2024
0.0346

Осма традиционална прошетка и хуманитарна трка „Напред розово 2016“ за поддршка на болните од рак на дојка

Хуманитарниот настан ќе се одржи во сабота (1 октомври), во Градскиот парк во Скопје кај Школка, со почеток во 11 часот.

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Со симболична прошетка и хуманитарна трка во рамките на кампањата „Напред розово“, повеќе од 1.000 граѓани во сабота ќе им дадат поддршка на болните од рак на дојка и на нивните семејства. Манифестацијата „Напред розово 2016“ се одржува по осми пат во организација на здружението „Борка“ – За секој нов ден, со поддршка на амбасадата на САД во Македонија и компанијата „Пелистерка“.

Настанот ќе се одржи во сабота (1 октомври), во Градскиот парк во Скопје кај Школка, со почеток во 11 часот. Како што најавија организаторите на манифестацијата на денешната прес-конференција, заедно со симболичната прошетка за поддршка, годинава во рамките на „Напред розово“ за првпат ќе се организира и хуманитарна трка. Трката ќе биде во должина од еден километар и на неа можат да се пријават сите граѓани, без оглед на возраста и полот.

Котизацијата за учество на прошетката и трката изнесува 350 денари со вклучена маичка со логото на манифестацијата, а сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“ во делот на психосоцијална помош и поддршка на заболените од рак на дојка, обезбедување перики за жените кои не можат да си дозволат да ги купат, посета на болните на Клиниката за онкологија, обезбедување секојдневна комуникација со психолог и едукација на населението од цела Македонија.

Претседателката на здружението „Борка“ – За секој нов ден и на Алијансата на пациентски организации во Македонија, Биба Додева, истакна дека со кампањата „Напред розово“ им даваат поддршка на сите кои се борат со рак на дојка и воедно ја подигаат свесноста за оваа болест во Македонија.

- Не смееме да ги отфрлиме нашите граѓани кои се борат со оваа тешка болест, бидејќи ракот на дојка може да биде излекуван. Сметам дека треба да ѝ подадеме рака на секоја индивидуа, на секоја фамилија, затоа што оваа борба е наша, заедничка. Оваа кампања е продолжување на нашите активности кои заедно со Алијансата на пациентски организации ја започнавме со прогласувањето на Годината на ракот во Македонија со цел имплементирање на Национален план за контрола на ракот и формирање на посебен фонд за достапност за современа терапија и третман во нашата земја, со што би се намалила смртноста од малигните заболувања – рече Додева.

Пред трката и прошетката ќе има организиран зумба час за загревање, а по нивното завршување за сите учесници ќе има лотарија со награди од различни компании - поддржувачи на настанот, како и забава со диџеи. Пријавувањето за прошетката и трката се одвива на штандовите на „Борка“ поставени на неколку локации низ Скопје, како и по електронски пат преку веб-страницата https://www.smartrace.club/ .

Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“, истакна дека бројките на заболени од рак на дојка во земјава се загрижувачки.

- Токму затоа „Пелистерка“ се приклучува на исклучителните напори кои членките на Борка ги прават за рана дијагноза како основен предуслов за победата над ракот на дојката, бидејќи успешноста на една компанија најмногу може да се мери преку нејзината општествена одговорност. Горди сме што во сабота ќе се собереме за една хумана цел, а за заеднички бенефит и поддршка на сите кои во својот живот се сретнале со оваа болест, лично или преку блиски луѓе во нашиот живот – рече Панделеска.

Лора Браун, одговорна за односи со јавност во амбасадата на САД во Македонија, истакна дека американската амбасада со гордост ја поддржува оваа кампања и им изразува поддршка на луѓето болни од рак на дојка.

- Прошетката „Напред розово“ е значаен настан кој ги сплотува заедно луѓето од целата земја во солидарност против оваа страшна болест. Се радуваме што во сабота ќе им се придружиме на оние што се борат со ракот или поддржуваат некој член на семејството којшто се бори со оваа болест. Се надеваме дека ќе ни се придружат уште многу повеќе граѓани – рече Браун.

Ракот на дојка е најчестиот тип дијагностициран рак кај жените во светот, а по смртноста овој вид карцином е на прво место во светот и во Македонија. Минатата година во земјава се откриени околу 1.200 нови случаи на рак на дојка или просечно по 3-4 жени дневно. Македонија е една од ретките земји во Европа каде што смртноста од канцер се зголемила за околу 9 отсто во последните 15 години. Според бројот на смртни случаи од рак, Македонија е на трето место во Европа.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга