Османи: Нема да имаме прогрес без решение на спорот
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2018
Вицепремиерот Бујар Османи по враќањето од Атина во анализа на ТВ 24 изјави дека ќе придонесат во градење на доверба дали тоа ќе биде промена на името на аеродромот, или нешто друго, но вели за тоа се разговарало.
Вели дека сакаат да стигнат до решение со јужниот сосед.
На прашањето дали Македонија може да влезе во НАТО без да се реши спорот, Османи вели дека имало таков предлог од наша страна, но не треба да се лажеме себе си и јавноста.
„Нема да имаме прогрес без решение на спорот“- рече Османи.
Тој вели дека како ДУИ сметаат дека референдум за името во Македонија може да поттикне и референдум во Грција.
„Ова се историски времиња во коишто е потребен национален договор, национален консензус“- рече Османи.
Ако не успееме сега, вели не знае дали заслужуваме нешто повеќе.