19 Февруари, 2018
0.4544
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

Османи: Обвинителот Јовевски не е добар за Албанците

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018

Во Македонија речиси секогаш без исклучоци кога има спорни судски процеси од ракав се вади џокерот наречен етничка припадност и тогаш правдата не постои, односно една етничка заедница или по правило не е виновна за ништо или пак е виновна за се. 

Новоизбраниот јавен обвинител кој доби целосна поддршка од парламентарното мнозинство сега се најде на тапет од страна на албанската етничка заедница во Македонија во случајот на прегазувањето на малиот Алмир од Куманово и се изразува огромно незадоволство поради преквалификацијата на кривичното дело. 

Семејството на трагично загинатото детенце како и адвокатите бараат убиство со умисла бидејќи автомобилот со кој возеа нападнатите браќа од Куманово намерно удрил во недолжните луѓе при што Алмир го загуби животот.

Случајот е секако многу тежок, но без да навлегуваме во правните детали за што секако се задолжени институциите на системот веднаш гледаме дефетизам и враќање на стариот вид на квалификации и опструкции од албанската заедница. 

Секако, протести и притисоци се сосема дозволени, па дури и пожелни, особено што за овој случај добро е информирана целата јавност. Но, да се прогласува јавен обвинител, без оглед на неговите способности и актуелна вина во случајот, за непожелен затоа што бил против албанците е апсурд.

Таквите обвинувања стигнаа од адвокатот и екс обвинител Сејфула Османи кој во Клик Плус на ТВ 21 тврдеше дека Јовески уште на почетокот на 90-тите бил дел од случаи во кои Албанци биле дискриминирани, измачувани и неправедно осодувани затоа што поседувале оружје и биле активисти на ДПА иако самата јавност многу добро ги памети овие крвави настани кои беа предвесник на воениот конфликт во 2001 година.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Претставничкиот орган на граѓаните и носител на законодавната власт без договор за пленарна седница

Претставничкиот орган на граѓаните и носител на законодавната власт без договор за пленарна седница

КОСТАДИН ФИЛИПОВ: ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ ДА ГИ ВРАТАТ БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ

КОСТАДИН ФИЛИПОВ: ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ ДА ГИ ВРАТАТ БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ

Две опции за „Веибо“- повторно обновување или стечај

Две опции за „Веибо“- повторно обновување или стечај

Потпишан договор за државна поддршка со групацијата ВИК – почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 нови работни места

Потпишан договор за државна поддршка со групацијата ВИК – почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 нови работни места

СЕЛА сведочеше за нападот од 27 април

СЕЛА сведочеше за нападот од 27 април

Дете од Штип почина на Детската клиника во Скопје

Дете од Штип почина на Детската клиника во Скопје

Јункер доаѓа во Скопје - со кого ќе се сретне?

Јункер доаѓа во Скопје - со кого ќе се сретне?

Кои се недостатоците на извештајот на ФПСМ за трагичната смрт на Калина и Александар?

Кои се недостатоците на извештајот на ФПСМ за трагичната смрт на Калина и Александар?

ВМРО бара морална одговорност од повисоко ниво за слчајот со силуваното девојче

ВМРО бара морална одговорност од повисоко ниво за слчајот со силуваното девојче