29 Март, 2024
0.0301

Османи: Време е да го затвориме спорот за името

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, за грчка ТВ Антена открива дека гледа крај на спорот за името во скоро време и дека сосема е извесно дека може да се стигне до прифатливо решение и за двете страни. 

Кусо по вчерашните средби со неговите домаќини, Никос Коѕијас и Јоргос Катругалос, јавува дописникот на МИА од Атина, Османи, говорејќи за телевизијата објаснува дека проблемот со името освен што ја блокира евро-атлантската перспектива на Македонија, претставува пречка и за билатерална соработка.

– Мислам дека му доаѓа крајот на овој спор. Нам ни одзеде 25 години можност за соработка, за размена и развој. Сега е време да го затвориме, без штети и земајќи ја предвид чувствителноста на двете страни за прашањето. Постои решение што е взаемно прифатливо, а без да се нападнат најчувствителните вредности што двете страни ги имаат во ова прашање, вели Османи за „Антена“, пренесува МИА.

Во интервјуто потенцира дека во Атина, ја пренел пораката дека владата е посветена на изнаоѓање решение.

– Овој спор трае многу долго, ја блокира перспективата на мојата земја за интеграција во НАТО и ЕУ, а НАТО и ЕУ се од витално значење за иднината на граѓаните, објаснува Османи.

Тој, исто како и во изјавите за медиумите по средбите, така и за грчката телевизија „Антена“, во однос на написите во медиумите за името „Нова Македонија“ како можно решение, вели дека сѐ уште не е стигнато до таа фаза за да се разговара за конкретни предлози.

– Ние сега зборуваме за методите за пристапот, за чувствителноста на проблемот и за создавање позитивни контакти и за некои чекори што во меѓувреме треба да се направат за да се постигне тој моментум на зрелост, за да можеме да го затвориме спорот, коментира вицепремиерот.

Во однос на тоа дали ќе се распише референдумот во Македонија, Османи за „Антена“, го повторува истото што вчера го изјави за МИА, дека во оваа фаза треба да се фокусираме на изнаоѓање решение, а референдумот да го оставиме за подоцна.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење