Основачот на „Apotex“ и неговата сопруга најдени мртви во нивниот дом
Објавено во: Свет 16 Декември, 2017
Канадскиот милијардер и основач на фармацевтската корпорација "Apotex", Бери Шерман и неговата сопруга, се пронајдени мртви во нивниот дом во Торонто, објавија светските медиуми.
Полицијата верува дека околностите околу нивната смрт се сомнителни.
Нивните тела биле пронајдени од луѓе, кои не се нивни роднини.
Не се соопштува како точно двајцата брачни другари починале. Шерман ја основал "Apotex" во 1974 година.
Компанијата се занимава со производство на лекови и ги извезува во повеќе од 115 земји. Во ноември, Шерман беше вклучен од „Канадскиот весник“ НА бизнис на листата на најбогати луѓе во Канада.
Според Би-Би-каналот, и двајцата биле активно вклучени во добротворни акции.