Основачот на Биткоин ќе биде првиот трилионер
Објавено во: Економија 14 Декември, 2017
Основачот на криптовалутата Биткоин Сатоши Накамото за некоја година има шанси да биде првиот трилионер во светот и да ги надмине најбогатите луѓе на планетата како Стив Џобс, Џеф Безос и Карлос Слим со тоа што неговото богатство ќе достигне неверојатна сума од 100 милијарди долари.
Сатоши Накамото е инаку само псевдоним кој е искористен во 2008 година при давањето предлог за формирање на електронска валута со директна врска од корисник до корисник што подоцна прерасна во биткоин.
Никој не го знае вистинскиот идентитет на Сатоши Накамото чие богаство сега се проценува на 17 милијарди долари. Тој поседува 1 милион биткоини, па не е чудно и ако дел од тие средства ги искористи за нови инвестиции.
Досега за четворица богаташи и иноватори се претпоставуваше дека се основачи на биткоинот меѓу кои и ексцентричниот технолошки визионер Илон Маск, но тој ги негираше сите шпекулации.