29 Март, 2024
0.0300

Осуда за општинарите од Ново Село кои навредија новинарска екипа

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќе новинарски асоцијации и здруженија го осудија вербалниот напад на новнарската екипа на Канал Вис од страна дел од градоначалникот на општина Ново Село и еден од советниците. 

„Колешката Стојне Митева и снимателот Кире Пиличев биле навредувани со најгрди зборови и спречени да известуваат од седницата на Советот на Општина Ново Село одржана вчера, а на која се расправало за распишување референдум за или против работата на рудникот Иловица. За ЗНМ е недозволиво градоначалник на една општина, во случајов Блажо Велков, да спречува новинари во професионално работење, иако станува збор за јавна седница, какви што треба да бидат сите седници на еден општински совет. Уште понедолично е колегите да бидат навредувани од советници избрани од граѓаните. Тие наместо да се залагаат за отчетност и за транспарентност пред избирачите, а тоа најдобро се прави преку медиумско пренесување на нивната работа, се обидуваат да ги спречат новинарите во исполнување на своите обврски“, се вели во соопштението од ЗНМ, кое побара одговорност од градоначалникот и од советникот.

Исто така осуда стигна и од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги која побара да се почитуваат новинарите кои се на професионална задача.

Конечната одлука на Советот на општина Ново Село е дека референдумот за изјаснување за или против изградбата на рудникот за злато и бакар во Иловица, како и на потенцијални нови рудници ќе се одржи на 3 септември. 

И во општина Босилово советот донесе одлука дека и тука ќе се одржи референдум кој е закажан на 19 септември.

Ова се први референдум на општини на чија територија директен ефект ќе има рудникот Иловица-Штука, додека претходните референдуми во Дојран и Богданци беа против рудникот Казандол, како и тој во Гевгелија против планираните рудници на Кожув. Процесот треба да биде заокружен со референдум во Валандово, а потенцијално и во Струмица.

Со тоа локалното население досега јасно се изјасни дека е против започнување на рударска индустрија која е во спротивност на нивните заложби за развој на земјоделието и еко бизнисите.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор