29 Март, 2024
0.0261

ОСУДЕНИ НА ПРОПАСТ: Држави кои нема да постојат за 10 години

Објавено во: Свет 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Aко низ вековите можеле да паѓаат силни царства и држави, реалноста е дека тоа ќе се случува и во иднина.

Низ историјата паѓале бројни царства и држави, нации исчезнувале или се трансформирале-а тој процес секако не е завршен.

Политички аналитичари објаснуваат како поимот нација, односно држава не е траен, а секако ни вечен. Иако државите најчесто исчезнувале така што биле освојувани и поделени помеѓу нивните непријатели, изгледа како земјите во иднина ќе имаат попрво некои други проблеми кои ќе ги раздвојат, односно уништат.

Од закани како што е подигање на морските нивоа до културни и етнички поделби внатре во самото општество, прашање е дали овие 10 држави ќе преживеат во сегашно издание во наредните 100 години.

1. Холандија

Ефектите на климатските промени предизвикани со глобалното загревање влијаат разорно на тропските острови, но тешко е да се замисли дека тие може да им нанесат штета на европските држави.

Поголемиот дел од територијата на оваа држава се наоѓа или на ниво на морето или еден метар над. Токму поради тој факт глобалното загревање е прашање за опстанок за Холандија.

Тие веќе со години се борат со растечкото ниво на морето со зголемување на насипите и нивно проширување. И покрај тоа, се склони на поплави.

2.Северна Кореја

Ако знаеме дека оваа земја се наоѓа под диктатура на династијата Ким од 1940 година, изгледа како е само прашање на време кога незадоволството внатре во општеството ќе кулминира и експлодира.

3.Белгија

Иако оваа држава е дом на Обединетите нации, сама Балегија можеби нема да биде така обединета за 100 години. Таа е поделена во судир на етничкото прашање на поделба на Фламанците и Валонците.

4.Малдиви

За сите оние кои не веруваат во концептот на глобалното загревање, Малдивите се вистински пример на кој треба да посветат внимание. Таа островска нација е лоцирана помеѓу Индија и Африка и се соочува со сериозна опасност од потонување.

5.Обединето Кралство

Во Велика Британија, според порталот , причините се политички. Честите повици за референдум може да бидат причина Велика Британија до 2115-та година, да не постои во сегашната форма .

6.Ирак

Во воена состојба уште од 2011 год, оваа држава е вистински пример за секојдневно распаѓање. Ирак е поделен на три групации: Сунити, Курди и Шиити, за кои е прилично неверојатно дека ќе се обединат и се очекува како таа земја ќе се распадне на три помали дела во тој процес

7.Кирибати

Кирибати, остров држава во Тихиот Океан може да исчезне како резултат на зголемувањето на нивото на морето.

8.Шпанија

Кога економската криза ја погоди Шпанија во 2008 гдоина, направила толку штета што земјата ја довела на работ на распад-а уште не се опоравила.

Ако таа криза не се реши и овие региони продолжат да добиваат популарност во борбата за отцепување, големи се шансите Шпанија каква денес ја познаваме времето да и е одброено.

9.САД

Со оглед на историјата факт е дека американското население е поделено со длабоки културни разлики и политички ставови помеѓу северот и југот уште од Граѓанската војна. 

Во 2012 сите 50 држави примиле над илјади писма на своите граѓани кои бараат изземање од унијата. Ако не се случи нешто што ќе ја обедини земјата и доколку продолжат настаните кои само ги продлабочуваат разликите-како изборот на Трамп за претседател, големи се шансите САД да се преобликуваат. Најверојатно така Алјска и Тексас први ќе се одвојат.

10.Кина

Проблемот во Кина е загадувањето поради кое што 250 илјади Кинези умираат годишно.

 Таа земја може да остане и без питка вода до 2030 година. Големи се шансите државата во сегашниот облик не доживее 2050 година.

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО