ОСУМ ДЕНА ПРИТВОР: За што се гони Игор Југ?
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017
Осумдневен притвор му е определен на Игор Југ, кој вчера беше уапсен за собраниските насилства од 27 април.
ОЈО води истрага против него за кривичното дело „неовластено изработување, држење,
посредување и тргување со оружје“, велат од Основното јавно обвинителство.
Југ е однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Тој вчера беше уапсен во Куманово, во стан на 100-на метри од полициската станица. Според полицијата, при апсењето Југ не дал отпор. Јавното обвинителство објаснува дека притворот е краток затоа што по крвавите нереди, Игор Југ се барал за дело кое се води по скратена постапка.