29 Март, 2024
0.0237

Осум едноставни совети да ја добиете довербата на шефот

Објавено во: Стил 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Најдобар начин да ја добиете довербата на шефот е да си ја работите работата како што треба. 

Business Insider објаснува како да ја добиете довербата на шефот, а да не одите против своите принципи. 

1. Обидете се проблемот да го решите сами 

Импресионирајте го шефот со своите вештини и на состанок дајте решение на извесен проблем од повеќе агли. 

2. Секогаш покажувајте ја вредноста која ја донесувате за компанијата 

Шефовите се зафатени и немаат време да ве анализираат, а ако сакате бонуси, покачување, кажете го тоа јасно и гласно. Кажете и што тоа ќе значи за компанијата. 

3. Ускладете ја вашата со комуникацијата на шефот

Ваше е да видите како шефот комуницира и да имате соодветен пристап. 

4. Прашајте за совет

Aко некому сакате да се допаднете, треба да прашате за совет, мислење. 

5. Доаѓајте порано на работа 

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои рано доаѓаат на работа се ценети од менаџерите и добро се позиционираат. 

6. Поставете си долгорочни цели 

Ако ова го поставите како цел и го исполните во компанијата каде работите успехот ќе ви биде загарантиран. Дајте визија и покажете дека сакате да придонесете за команијата. 

7. Обрнете внимание на детали 

Што и да работите, правете го тоа прецизно, внимавајте на детали. Секогаш довршете го она што сте го почнале. Како мислите да добиете големи проекти ако при малите грешите? 

8. Заблагодарувајте се кога имате прилика 

Бидете благодарни на советите, на довербата, на укажаните можности. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи