29 Март, 2024
0.0258

Осум причини зошто работата во странство е добар потег за вас!

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Работа во странство може да биде возбудлива можност, но, исто така, голем предизвик во кариерата на поединецот. Нови искуства, луѓе и животната средина кои со нетрпение чекаат на вас. Од друга страна, не е така лесно да се остави се, да се спакувате и да заминете во друга земја.

Без оглед на тоа дали ќе ви нудат работа во странство, или само размислувате  да кликнете на 'Пријави се", овие 8 работи ќе ве охрабрат и ќе ви помогнат полесно да заминете.

1. Учење на нови вештини 

Работата во странство ви дава можност да се вклучите во разни активности, за кои мислите дека никогаш не би ги работеле или дома никогаш не ќе имате можност да го сторите тоа. Веројатно повеќето од вештините  кога ќе се вратите еден ден нема да ви требаат, но сигурно ќе ви помогнат да создадете интересни приказни за себе си на вашето следно интервју за работа.

Издвојте ги вештините кои сте ги стекнале во новата работа во странство и гордо потенцирајте ги при аплицирање за работа, особено ако некои од нив тесно се поврзани со работата за која што се пријавувате.

 2. Креирање трајни пријателства 

Работата  во странство ќе ви отвора можност да се сретнете со многу луѓе, не само на работното место, но, исто така, во слободното време. Врската е посилна и поголема од оние пријателства кои се склопуваат на туристичките патувања, бидејќи поминувате голем дел од денот заедно работно тесно сте поврзани, споделувате  добри и лоши моменти. Многу пријателства се случуваат само на работното место, и откако ќе заврши работата во странство, ќе имате пријатели од сите делови на светот кои ќе можете да ги посетите за време на празниците.

Освен тоа, никогаш не знаме каква работна можност може да се отвори со пријателства од различни луѓе.

3. Подобро чувство за дестинација

После некое време, градовите  почнуваат да личат едни со други. Презентираните примери во музејот се помалку се интересни, како што поминува времето а градовите како турист ги запознавате само површно. Доаѓањето во некој град само за работа ви дава сосема поинаков поглед на околината во која се наоѓате, и во овој случај мора да користите  туристички водич, па независно и сами посетете ги местата кои сакате, без ограничување на времето.

Покрај тоа, одреден град ќе почнете да го чувстувате како свој дом, а вие секако наскоро ќе најдете и локален бар каде ќе пиете кафе со колегите, или наутро пред работа ќе имате каде да го разгледате весникот. Исто така, секогаш може да напишете блог за вашето искуство кои работник  во странство, и како сте ја запознале таа дестинација како работник.

4. Ќе ја вкусите вистинската слобода 

Со оглед на тоа дека одите во друга земја поради работа, а не на годишен одмор, нема да бидете слободни во таа смисла на зборот. Еднаш кога сфатите дека заминувањето во странство не е толку страшен чекор како што мислевте на почетокот, пред вас се отвара сосема нов почеток. Да имате самодоверба да заминете некаде на друго место поради работа навистна му дава на поединецот посебно чувство на слобода.

Освен тоа, зад себе ги оставате лошите работни искуства, отварате можност да направите своја кариера во вистинска смисла, и ја носите кон патот кој го сакате.

5. Посакуван кандидат на пазарот на труд

 Работата во странство не ве исклучува од пазарот на труд, туку ве прави посакувам кандидат кога се вратите во местото на живеење. Со подобрено знаење на странски јазик, технички вештини, но и вештини во комуникациите на пазарот на пазарот на труд и своите квалификации ќе гледате потполно друга перспектива.

Доколку во странство работевте работа која е тесно поврзана со вашата професија сигурно тамошното искуство ќе ве истакне помеѓу другите кандидати на следниот разговор за работа.

 6. Развиени лидерски вештини

Сте се одлучиле за работа во странство. Ги собравте сите потребни документи и го организиравте патувањето. Освен тоа, доаѓањето во нова околина, научивте да комуницирате со луѓе од различни култури. Што значи дека низ целиот процес стекнавте важни лидерски вештини и управувања, како со себе така и со сложени процеси.

Токму тие вештини можеби можат да ви помогнат во докажување на работодавачот ддека сте вистинскиот кандидат за отвореното работно место, поткрепени со информации од вашиот живот со конкретни докази. Целата подготвка сфатете ја како одредена самостојност и самодовреба за идните работни предизвици.

7. Усовршување на странскиот јазик

Многумина од вас англискиот јазик (или некој друг) го учеа во основно училиште, продолживте во средно и понешто на првите години од факултетот. Но, учењето на странски јазик во училиште, и надвор од него е потполно различно кога комуницирате со оние на кои им е мајчин јазик во работното опкружување.

Во странските земји службениот јазик најчесто е англиски јазик, со што дефинитивно ќе ги подобрите своите вештини и ќе научите фрази кои можат да ви бидат корисни во иднина.

Во домашното опкружување кога не го користите доволно странскиот јазик, ја губите навиката полесно да го заборавите, додека во странство на некој начин ќе бидете „прислени“ и повеќе мотивирани непрекинато да говорите на странски јазик и да го употребувате.

8. Подобрување на комуникациските вештини

Заминувањето во странска земја, за поедници е се само едноставна не. Сите можеме да ги научиме техничките работи, да ја работиме работата според стандардните процедури и методи. Но, да научиме да комуницираме со различни луѓе, во различни ситуации и во целосно различно опкружување не е рака едноставно.

Во текот на работа во странство сигурно ќе научите перфектно да комуницирате  со сите групи на луѓе.