19 Април, 2024
0.0240

Oсум совети со кои ќе ја зголемите продуктивноста

Објавено во: Стил 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Леон Хо, основач на сајтот Lifehack.org, одлучи да ги сподели советите кои ве водат кон успех, односно ви ја зголемуваат продуктивноста. 

За себе вели дека пред 10 години добил унапредување по што мислел дека нема време за сите обврски. Потоа читал книги со кои успеал да ги заврши сите обврски за пократко време, но истата литература му помогнала и за други аспекти од животот. 

Прочитал подоцна над 100 книги на оваа тема, и еве што советува. 

Користете го мозокот за размислување, а не за паметење

Вели дека информации има многу и не може да се паметат сите работи и затоа може истите да се запишат. 

Не се насочувајте кон слабостите, туку усовршете го она што е добро 

Најважна работа е да ги подобрите вашите добри страни. Кога ќе ја пронајдете својата слабост, мора и да ја совладате. 

Парите може да се заработат, но времето нема да се врати 

Времето е нешто највредно и треба да водиме сметка за него како за сметка во банка. Времето е пари. 

Рангирајте ги задачите според приоритет, а не според времето во кое сте ги добиле 

Сите задачи не се подеднакво важни. Прашајте се себе си што веднаш би можеле да сработите. 

Не земај повеќе од она што можеш да „проголташ“

Ако земаме повеќе обврски од што можеме да завршиме, тогаш ќе се разочараме и демотивираме. 

Дел од работата оставете за другите 

Не мора сите обврски вие да ги имате на товар. 

Не давајте да ви поставуваат рокови 

Не дозволувате да ги поставуваат рокови, туку вие поставете си ги. Мрзливи сме ако мислиме дека нешто не е итно. 

Оценете ја продуктивноста на крајот на денот 

На крајот на денот одвојте време за да сумирате што сте постигнале и каде можете да се подобрите. Дури и ако нешто добро сте сработеле, размислете дали можете да се подобрите. 

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре