25 Април, 2024
0.0290

ОТКАЗ ПО ПАРТИСКА ДИРЕКТИВА?! Димовски избркан од работа без образложение!

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Наставникот  Владо Димовски кој повеќе од триесет години е наставник по македонски јазик заработи отказ. Без најава и без образложение в.д директорот на основното училиште “Алија Авдовиќ” во селото Батинци преку секретарот на училиштето му го предал отказното решение. Продесорот Димовски вели е изненаден од одлуката зад која препознава реваншизам.

 “Во отказното решение кое го добив од секретарот на училиштето нема ама никакво образложение. Јас сеуште незнам како дојде до отказот, никој не се потруди ни да ми објасни нити пак да разговара со мене. Моите обиди да стапам во контакт со директорот и градоначалникот на општината Студеничани беа безуспешни, иако најодговорно тврдам дека до пред неколку месеци контактите лични и телефонски беа скоро секојдневни околу работата во училиштето и заедничките проекти со општината. Од кои причини беше криенката на ВД Директорот и градоначалникот ни ден денес не ми се јасни.Истите ги знаат само ВД Директорот и градоначалникот на општината и дали истите се „наредени“ од некој центар на моќ во што сум убеден заради моите заложби за квалитетно образование”- објаснува Димовски.

Претходно му бил намален фондот на часови.Во повеќето пораки кои ги досега ги добивал  преку колегите препознал и силна желба за  одмазда но и национална дискриминација.

“Од делата на в.д директорот и членовите  на училишниот одбор (зборувам за колегите кои се членови на УО) препознав со сигурност национална дискриминација. Ова го тврдам бидејќи при барањата за трансформација на работните односи минатата година јас бев одбиен додека на мојот колега по Албански јазик експресно му беше трансформиран работниот однос иако со многу мало работно и професионално искуство и исто така експресно беше избран за Претседател на Училишниот одбор. Што друго би заклучил човек по ваквата постапка?”- вели професорот по македонски јазик.

Тој во јавноста е познат како еден од најгласните поборници за квалитетно образование и силен критичар на  лошите образозовни политики. Беше дел од Шарената револуција, но и во Наставничкиот пленум кој бараше преиспитување на одлуките за екстерното образование, новите програми кои беа воведени од МОН,  а кои  наидоа на силна критика од родителите и стручната јавност. Оттука вели не е исклучена можноста неговиот отказ да биде порака до вработените во секторот, како завршуваат неистомислениците со власта.

“Ако е така тешко на образованието во Македонија. Мојата борба, потенцирањето на многуте слабости во образованието и борбата на многу колеги за поквалитетно образование требаше и треба да биде аларм за одговорните од власта дека образованието тоне, а не да  биде причина за реваншизам. Со вакви постапки образованието само ќе оди кон надолна линија и со него ќе раководат необразовани лица. Ако со ова некои  мислеле дека мене ќе ме заплашат и замолчат  се излажале. Моето образование кое ни оддалеку  не се совпаѓа со образованието на налогодавачите и извршителите  и моите познавања од образовниот процес и залагања за квалитетно образование нема да ми дозволат ни мене ни на поборниците за квалитет во образованието да престанеме да се залагаме за она кое треба да биде водилка во образованието на младите. Плашливците одамна молчат или пак по нечија наредба и слепа послушност издаваат решенија за откази. Тие кои се плашат оддалеку се познаваат”- потенцира наставникот  Димовски.

Образованието според него не се состои само  во спортски и тениски игралишта, сали и чешми за  сечење ленти и промоција. Напротив, вели мора да се направат сериозни чекори за негово подобрување.

“Се кршат сите законски прописи  бидејќи во предизборен  и изборен период не смее ова да се случува. Свесни се и тие дека севкупното образование не  е само ветувања и спортски сали и игралишта. Условите во училиштата со наставен простор, број на ученици во една паралелка, стручниот и образован  кадар го чинат квалитетното образование, а не директорски кадар кој по една и повеќе години се ВД на своите работни места заради слепата послушност и полтронство кон наредбодавачите. Кршењето на сите закони во делот на образованието во Македонија како да стана пракса на општинските шерифи кои патем се големи верници и душегрижници за граѓаните, родителите и учениците во своите општини. Матното ќе заврши кога тогаш само необразованите со своите постапки секогаш ќе останат необразовани”- додава Димовски.

Зад него вели стои повеќе од триесет години богато  работно искуство. Најголем успех се неговите ученици кои и денес радо го поздравуваат и му кажуваат колкави се нивните успеси поради неговите заложби. Но последниве години забележува дека силното партиско влијание ги измести вредностите во образовниот систем. 

“Не велам дека некаде не се ценети искуството и професионалноста но ако во едно училиште од 100 вработени 52 наставници се со средно или несоодветно образование, а вие отпуштате од работа дипломирани професори каде тука се гледа на искуството и професионалноста. Таков пример е и моето сега веќе бившо училиште. Партискиот клуч  железни врати отвора но не е никаква гаранција за успех во образованието”- нагласува Димовски.

Наставникот по македонски јазик вели дека правдата ќе ја бара пред  домашните и меѓународни судски органи задолжени за човекови права,слободи и работни односи кои очекува да  си ја завршат работата на коректен и професионален начин.


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг