Добивај вести на Viber
Откази на околу 400 вработени најави американската козметичка компанија Авон, а реструктуирање по лошите резултати во Африка, Блискиот Исток и Европа.
Отпуштањето одговара на околу еден процент од 39.100 вработени а ќе се спроведе во сите региони и сегменти..
Таквиот потег е дел од стратегијата на извршен директор Шери Мекој со цел да се постигне раст на приходите и намалување на трошоците до 400 милиони долари до 2016 година.
Оваа одлука за укинување на работните места доаѓа по отказите на 1.500 –те вработени во декември минатата година во Виетнам и Јужна Кореја.