29 Март, 2024
0.1592

Oткриен мотивот на напаѓачот од Тексас

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Американецот кој вчера во Тексас уби најмалку 26 луѓе,  бил поттикнат од семејна расправија, јавуваат денеска локалните власти.

„Во тоа семејство имало сериозна кавга“, изјави Фриман Мартин, функционер на силите на редот на Тексас. 

Тој додава дека мајката на сопругата на напаѓачот Девин Кели одела во црквата која беше мета на напад.

„Мајката на неговата сопруга доаѓала во црквата. Знаеме дека добивала заканувачки смс пораки од него. Ова не е мотивирано од раса, ниту пак од верски убедувања“- изјави Мартин.

Станува збор за најголемото масовно убиство во поновата историја на Тексас и едно од најлошите во современата историја на САД.

Девин Патрик Кели, се појавил во баптистичката црква во Садерленд Спрингс, селце со 400 жители, во 11:20 часот облечен во црно и со панцирен елек. Отворил оган од полуавтоматско оружје и убил 26 луѓе, меѓу кои и деца.

Жртвите се на возраст од 18 месеци до 77 години. Меѓу нив има и осум члена на едно семејство вклучувајќи и жена во петтиот месец на бременоста и три нејзини деца. Убиена е и ќерката на свештеникот на возраст од 14 години.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?