Откриена цената на електричниот Porsche Mission E
Објавено во: Економија 17 Септември, 2017
Спортски бесни автомобили и мотор на електричен погон? Сигурно до неодамна овие две фрази не можевте да ги чуете во иста реченица, уште помалку со бренд како германски Porsche, но тоа набрзо ќе се смени.
Планираниот Porsche Mission E кој ќе биде еден од првите спортски модели на овој бренд со е-погон ќе чини околу 85.000 долари, а за продажба ќе биде подготвен кон крајот на 2019 година.
Porsche Mission E ќе биде доста моќен автомобил со спортски карактеристики, но ќе може и полесно да се управува за секојдневна вожња во градски средини, како и на долги релации со издржливата батерија која со едно полнење ќе обезбеди фантастични 500 километри.
Со овие спецификации Porsche Mission E лесно ќе може да му парира на веќе докажаниот Tesla чиј Model T долго време немаше сериозна конкуренција во премиум електричната класа.