19 Април, 2024
0.2163

Откупени 350 тони тутун

Објавено во: Агробизнис 11 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Заврши првата фаза предвремениот откуп на тутунот. Во оваа прва фаза се откупија над 350 тони тутун по просечна цена од 150 денари за килограм. Откупот го вршеа трите фирми, „Сокотаб” од Битола, „Алијанса” од Кавадарци и Прилепскиот тутунски комбинат, кои имаат поднесено барање за откуп. Во втората фаза која треба да започне на 15-ти овој месец, се очекува да се откупат околу 3.500 тони. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, изјави дека временските услови се одлични и ќе придонесат за зголемување на количествата тутун, иако на почетокот на расадувањето проценките биле дека реколтата ќе биде помала. - Временските прилики тогаш ни даваа за право да мислиме дека реколтата ќе биде тешка околу 19.000 тони, но сега може да се каже дека ќе имаме реколта од над 22.000 тони. Субвенции за тутунот ќе има, онака како што е договорено и според програмата на Владата за субвенционирање, изајви министерот Димовски.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари