29 Март, 2024
0.0233

Откупени 9.500 тони тутун

Објавено во: Агробизнис 13 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Околу 9.500 тони тутун по просечна цена од 175 денари се откупени вчера во Македонија, соопшти денеска Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

- Откупот се одвива без застој. На теренот седум компании купуваат тутун од кооперантите. Нема проблеми ниту со исплатата, рече претседателот на Сојузот Данчо Милески на средба со новинарите.

Според него, само Центро Табак од Велес нема банкарска гаранција и не смее да откупува.

- Фирмата има рок уште два дена. Ако до 15-ти декември не покаже банкарска гаранција се брише од регистерот на откупувачи, рече Милески, додаваќи дека оние 500-600 тони тутун што за откуп ги има договорено со околу 800 кооперанти ќе бидат откупени и нема да останат непродадени.

- Доколку дојде до тоа, со анекси на нивните договори ќе се преземат преку друга компанија и нема да останат не откупени, објасни Милески.

Сојузот апелира пратениците да не ја кочат расправата за Буџетот за 2013.

- Ги повикуваме пратениците да соработуваат и да го донесат Буџетот до 20-ти декември. Од тоа зависи и дали субвенциите за земјоделското производство ќе стигнат навреме. Само за тутунот производителите очекуваат околу 22 милиона евра или по 60 денари за килограм, потенцира Милески.

Ако усвојувањето на Буџетот доцни, производителите нема навреме да ги добијат субвенциите и не ќе може да се подготват за новата производствена година, велат од Сојузот на тутунските здруженија на Македонија

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи