19 Април, 2024
0.2221

Откупени над 14.000 тони тутун, исплатата реализирана над 90%

Објавено во: Агробизнис 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

До денеска вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта се откупени, а просечната цена е 192,08 денари по килограм. 

Откуп вршат девет компании кои ги исполниле условите предвидени од надлежните. 

Ова го соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За месец и половина од почетокот на откупот,  компаниите зеле 75% од очекуваните количини. Исплатата е реализирана 93%, на тутунарите им се префрлени 2,612 милијарди денари. Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари, и со тоа производителите просечно добиваат по 252 денара за килограм, додаваат од МЗШВ.

Според првичните проценки, во реколта 2016 година се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор  потпишаа 10 претпријатија, од кои девет го исполнија условот за откуп. Тие до 15 декември доставија банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари