16 Април, 2024
0.0258

Откупот на земјоделски производи се зголемил – што најмногу се продаваше?

Објавено во: Агробизнис 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Откупот и продажбата на земјоделските производи во земјата се зголемиле.

Во второто тримесечје од годинава откупот и продажбата на  земјоделските производи се зголемени за 17.3% во однос на истиот период лани. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се однесува на градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано  кај: житата, индустриските растенија и добитокот.

Домати се продадени над 12.540 тони во наведениот период, јаболка скоро 6000 тони, ориз над 683 тони, млеко над 400.00 хекто литри и друго.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 3.5%, а кај  продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележан раст за 47.4%.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три  месеци од тримесечјето.

Можеби ќе ве интересира

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?