„OTP“ ќе ја купи „Banca Romaneasca“ од „National Bank of Greece“
Објавено во: Економија 22 Јули, 2017
Унгарската OTP ќе ја купи романската филијала на National Bank of Greece - Banca Romaneasca, соопштува Ројтерс, повикувајќи се на свои извори. Унгарската банка гледа и други институции во регионот, за да го засили своето присуство во Централна Европа, додава агенцијата.
National Bank of Greece започна да ги продава продружници на Балканот како дел од планот за реконструкција, одобрен од кредиторите. Банката веќе ја продаде бугарската подружница - ОББ, на KBC.
Во почетокот на месецот од грчката институција коментираа дека претстои продажба и на подружниците во Албанија, Србија и во Кипар. Тогаш од раководството посочија дека купувачот на романската подружница ќе исплати назад заем за 550 милиони евра, кој Banca Romaneasca го земала од NBG, што дополнително ќе ја поддржи ликвидноста.
Banca Romaneasca има мрежа од околу 100 филијали во цела Романија.
OTP е единствен сопственик на капиталот на Банката ДСК во Бугарија. Унгарската банка учествува во договорот за приватизација во 2003 година.