18 Април, 2024
0.0268

Отпечатен првиот македонски готвач за бебиња и деца „Бебе Готвач“

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Мајките и сите останати што се грижат за бебињата и малите деца во земјава, за првпат добиваат автентичен печатен водич во исхраната на своите најмили.Првиот македонски готвач за бебиња и деца - „Бебе Готвач“ е на 280 страници и содржи 350 рецепти за бебиња и деца, почнувајќи од 6 -месечна возраст, па нагоре.

Освен рецепти за подготовка на храна, книгата изобилува и со многу автентични фотографии од оброци кои се приготвувани непосредно пред фотографирањето. Рецептите се поделени по месеци, а пред секој месец има соодветна статија за тоа како се развива бебето и што да се очекува во тој месец, како и соодветни табели со информации за тоа кои намирници се препорачуваат да се воведат во исхраната.

„Патот на оваа книга ни малку не беше едноставен и лесен, но знаејќи дека има многу родители, особено мајки како нас, кои наеднаш се соочуваат со милион обврски околу новиот член во семејството, знаевме дека крајниот резултат ќе вреди.

Како две мајки чија цел беше да си го олесниме секојдневието го создадовме Бебе Готвач за нас како и за сите оние кои сакаат да ги хранат своите деца здраво и да учат заедно со нас новини кога станува збор за бебешката исхрана. Овој готвач е за оние кои сакаат да готват домашни, здрави оброци за себе и за своите деца и да ја откријат убавината и мирисот на свежо подготвена храна кои ќе создаваат спомени со топлина и љубов“ - велат авторките на „Бебе Готвач“, Ирина Наков и Елена Петковска, на неговата прва јавна промоција.

За составување на рецептите консултирани се стручни лица, а користени се и информации од голем број брошури за правилна исхрана на бебиња, интернационални готвачи, како и искуства од мајки. Она што е најважно е што рецептите се во согласност со препораките од „Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца“, издаден од Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија, како и препораката на експертите дека дохраната кај бебињата треба да започне по шестиот месец од раѓањето.

Книгата е во продажба од денеска (4-ти мај 2017), во книжарниците на издавачкиот центар „ТРИ“, Клуб Матица, Тримакс и продажната мрежа на продавниците за здрава храна БИО-култ.

Пред издавањето на книгата-говач за бебиња и деца, беше лансирана и софтверска апликација „Бебе Готвач“ која веќе е одлично прифатена од голем број корисници.

„Бебе Готвач“ во партнерство со Алпско млеко, Идеал шипка, Президент и БИОкулт во создавање доверба и негување на вредноста на домашно зготвената храна.

Можеби ќе ве интересира

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница