ОТСЕЧЕНИ СЕЛА ВО СРБИЈА: Поради снегот без струја се 600 домаќинства
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2017
На територијата на општина Нова Варош во западна Србија околу 600 домаќинства се без електрична енергија, а најкритична е состојбата во неколку села.
Најтешко е во селата Јасеново, Трудово и Муртеница.
„Паднат е снег над еден метар и екипите се на терен, но дали ќе се изборат со такво време и со таа опрема, ќе видиме. Поради тежината на снегот, гранките се паднати и скинати се проводниците. На некои места се паднати и столбови“ - вели претседателот на општината Радосав Васиљевиќ.
До крајот на денот седум села треба да добијат струја.