25 Април, 2024
0.0253

Отсега и пиво во прав

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Данската пивара То ул или во превод Две пива, има нов производ пиво во прав за кој вели дека е секогаш подготвен за конзумација само треба да му се додаде вода. 

Основачите на пиварата велат дека преку процес на сушење и замрзнување се двои сувата материја од пивото. 

За време на тој процес алкохолот и водата испаруваат, а остануваат шеќери, протеини, состојки кои даваат горчина и арома на пијалокот. 

Штом ќе се полие со вода, пивото го добива препознатливиот вкус, но сепак треба да се додаде и алкохол, пишува Копенгахен пост. 

Од пиварата велат дека пивото во прав е направено да се пие на излети или за време на лет во авион. 

Пиварата То ул е основана во 2010 година, а нејзините производи се продаваат во над 40 земји. 



Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган