18 Февруари, 2018
0.5853
    ALK 7998.4    -0.03%     GRNT 820    0.49%     KMB 3323.14    -0.67%     MKSD 239    19.5%     MPT 29500    0%     MTUR 4199    -0.02%     OHB 5050    0%     OKTA 3700    2.78%     RMDEN16 94.8    0%     RZLV 53    -1.05%     RZUS 134    -0.56%     SBT 2101    -1.82%     STB 940.57    0.06%     STIL 144.97    -0.02%     TEL 300    1.35%     TETE 2170    2.79%     TPLF 1627.92    4.65%

Отворен новиот комплекс Алка за уживање надвор од градот

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2017

Скопје, вчера, доби уште едно ново место за уживање надвор од градскaтa срединa.

Со свеченост, коктел и огномет, во присуство на многу познати личности и амбасадори во Македонија блесна новиот комплекс АЛКА.

Комплексот АЛКА се наоѓа на само 12км одцентарот на Скопје, под падините на Водно, во мирното и чисто Сопиште. Се простира на 2.700 метри квадратни и нуди многу содржини базен со морска вода, детски базен со игротека, вип бар, ресторан, коктел бар и бар на базен.

АЛКА е инвестиција на Бобан Ангеловски, угостител и бизнисмен, повратник од Холандија, кој зад себе ги има успешните приказни на ресторанот Гурмет и ланецот ресторани за пица Доминос.

„Идејата беше да направиме концепт во кој ќе се пронајдат многу луѓе кои сакаат место каде можат да уживаат во убав амбиент со своето семејство, со и без деца, со своите деловни партнери и пријатели и притоа, да се чувствуваат навистина комотно во секоја прилика. Воедно, сакавме да понудиме и квалитетна опција на викенд место надвор од градот“ – вели Бобан Ангеловски, сопственик на АЛКА Комплекс.

Комплексот ќе нуди уживање за целото семејство. Затоа што, содржи два засебни дела, еден за родителите и еден за децата. Родителите може да се релаксираат додека нивните деца ги чува и анимира посебено задолжен персонал.

Во иднина, планирано е за посетителите на комплексот да има организиран превоз, доколку не се во можност да дојдат со сопствено возило.

Веќе од денес Алка е отворена за сите посетители.


Можеби ќе ве интересира

Искористете го ултра големиот попуст во Капитол мол

Искористете го ултра големиот попуст во Капитол мол

ЕВН Електродистрибуција ја завршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето

ЕВН Електродистрибуција ја завршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето

Заев со претставниците на Стопанската комора на Македонија: Создаваме позитивен економски амбиент за нови инвестиции и развој на конкурентноста

Заев со претставниците на Стопанската комора на Македонија: Создаваме позитивен економски амбиент за нови инвестиции и развој на конкурентноста

ПРОФИЛ: Eмилија Апостолска Темов „МУДРА ЖИВОТНА ОДЛУКА НА ЕДНА СЕМЕЈНА ЖЕНА“

ПРОФИЛ: Eмилија Апостолска Темов „МУДРА ЖИВОТНА ОДЛУКА НА ЕДНА СЕМЕЈНА ЖЕНА“

„Фчерашни новости“: Јелисалфета во канџите на еден пират

„Фчерашни новости“: Јелисалфета во канџите на еден пират

СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И Р.М СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМОРИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И Р.М СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМОРИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

НИ ПРЕДСТОИ ВИКЕНД: Предлог дестинација за уживање во природа доловена преку камерата на Самсунг Галакси С8+!

НИ ПРЕДСТОИ ВИКЕНД: Предлог дестинација за уживање во природа доловена преку камерата на Самсунг Галакси С8+!

Вип промоција во припејд мобилната телефонија: Двојно повеќе интернет за иста цена

Вип промоција во припејд мобилната телефонија: Двојно повеќе интернет за иста цена

Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење

Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење