20 Април, 2024
0.0260

ОТВОРЕНО СО ПЕЈАЧКАТА РОСАНА САРИЌ-ТОДОРОВСКА: Без Маријана, душата ми е на половина

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме. Маријана секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома. Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана.

За сестрата близначка, Маријана, вели дека тие две се една душа во две тела. За нивните големи хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ народот одлучи да станат евергрини. Со својот вокал, харизматична појава, песните и скромноста, Росана Сариќ- Тодоровска важи за една од омилените фолк и поп пејачки кај публиката за сите времиња. Сестра и Маријана долги години живее во Австралија, а Росана со својата музичка кариера продолжи сама, се до пред неколку години кога реши да се повлече, најмногу поради како што вели неправдите на фестивалите. Купувачите прво со неверување реагираа, а потоа ја охрабрија на нејзината нова работа, во една од продавниците на фирмата „Стружанка“ во центарот на Скопје. Како од сцената со публиката, така и во продавницата со купувачите, Росана им возвраќаше со љубезност и со насмевка. Сега од текстилната индустрија се префрли во издавачка куќа, и вели дека е среќна на новото работно место, во книжара на „Култура“. Росана е радосна што таа и сопругот, актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче добија уште еден член во семејството, зетот за ќерката Ивана, Џејмс, кој е Англичанец и ги вика мама и тато.

Целата вест прочитајте ја на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган