Ова е државата во која пензионерите живеат најдобро
Објавено во: Свет 20 Јули, 2017
Норвешка, Швајцарија и Исланд ја предводат листата на земјите во кои е најдобро да се влезе во пензија. Ова го покажуваат податоците од Глобалниот пензиски индекс составен од финансиската корпорација Natixis.
Во првите десет влегуваат исто така Шведска, Нов Зеланд, Австралија, Германија, Данска, Холандија и Луксембург.
Рангирањето вклучува 43 земји. Во него влегуваат земји со развиена економија (според стандардите на ММФ) членки на ОЕЦД и групата БРИК.
Турција на листата се најде на 39 место. Веднаш по неа е Русија. А на последните три места се Бразил, Грција и Индија.
САД се на 17-та позиција, Велика Британија е 18-та, Франција - 19-та, Јапонија - 22-ра, Кина - 38.
Експертите на финансиската корпорација ја изготвија листата, земајќи го предвид нивото на здравствена заштита, големината на пензиските придонеси, квалитетот на животот во земјата и материјалната благосостојба на граѓаните. Секој еден од параметрите се оценува во опсег од 0 до 100%.
За лидерот на листата - Норвешка - овие индикатори се проценуваат на нивоа 89%, 73%, 92% и 91% или вкупно - 86%.