25 Април, 2024
0.0260

Ова е најдобрата туристичка дестинација во Европа

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Порто во Португалија е  најдобра туристичка дестинација во Европа. 

Ова е според резултатите од изборот, организиран од организацијата „Најдобри дестинации во Европа". 

За целта биле собрани 426.000 гласови. На прво место е Порто во Португалија со 138 116 гласови, а зад него е Милано со 52 836 гласови, Гдањск со 46 852 гласови, Атина со 38 627 гласови, Сан Себастијан со 23 113 гласови, бугарскиот Созопол со 20 690 гласови, Виена доби 18 342 гласови, Стари град во Хрватска има 13 834 гласови, Базел освои 10,989 гласови и Мадрид доби 9,624 гласови. 

Првите дестинации ќе бидат рекламирани пред милиони туристи како најдобри дестинации за посета на сајтот на „Најдобри дестинации во Европа" - првиот посветен на промовирање на туризмот во Европа. Со седиште во Брисел организацијата има за цел да ја развива културата и туризмот во Европа. Таа цели кон подобро промовирање за квалитетот и разновидноста на европските туристички дестинации.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган