Ова е најголемата соларна фарма во светот - кои се бенефитите?
Објавено во: Свет 29 Мај, 2017
Изградбата на најголемата фотонапонска постројка на светот е завршена во Кина.
Tаа е приклучена на локалната електроенергетска мрежа. Тоа е еден од чекорите на кинеската влада, критикувана заради емисијата на штетни гасови, во обидите да предводи во примената на системи за обновлива енергија.
Сместена во градот Хуинан, ова 40 мегаватна постројка ја направи компанијата Сунгров Пауер Саплај.
Самата пловечка мрежа на соларни панели е изградена над поранешниот, а денеска поплавен, рударски регион.
Соларните фарми стануваат сè попопуларни во светот заради единствениот дизајн, кој е ефикасен и решава проблеми на градското планирање.