29 Март, 2024
0.0321

Ова е најнедружељубивиот град во Велика Британија

Објавено во: Стил 07 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Три градови во Велика Британија не се дружељубиви според истражување кое неодамна е направено. 

Лондон ја предводи листата на недружељубиви градови во Велика Британија, а зад негосе Оксфорд и Плимут. 

Податоците се добиени по национално истражување спроведено од компанијата „Провидент" и опфатило 2 642 испитаници на кралството. Анкетата вклучува прашања во врска со тоа колку гостопримливи и пријателски се соседите и колегите во различни градови, дали нанесуваат зло и дали лесно може да се почувствува духот на заедницата.

Лондончани добиле само 6,44 поени на скалаta. Во главниот град  8,7 милиони жители се чувствувале прилично отуѓени еден од друг. За вистински грев се сметало разговор со некого во метрото, никој не ги познавал соседите по име, а уште помалку размениле збор со некого. 

На другиот крај на листата се најде град Јорк, добивајќи резултат од 7,47 поени на скала и беше прогласен за најпријателска град во Обединетото Кралство. Веднаш по него се Глостер со 7,32 поени и Свонси со 7,31.

Лондон падна во првите места и во други негативни категории. Тој е третиот најмалку сигурен град и трет несреќен град во Велика Британија.