23 Април, 2024
0.1034

Виртуелна прошетка:Ова е најскапата куќа на продажба во САД!

Објавено во: Стил 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Најскапата куќа на продажба вреди неверојатни 135 милиони долари, што е повеќе од било кои недвижнини во Америка. Спротивно на многу очекувања овој имот не се наоѓа во некој од најголемите урбани центри во САД, како што се Њујорк или Лос Анџелес, туку во самото срце на Америка во Тексас. Куќата поточно се наоѓа на само пет минути од Далас недалеку од имотот на поранешниот американски претседател Џорџ В.Буш Куќата се наоѓа на имот кој што се простира на 25 хектари и зазема површина од 40.000 мтри квадратни. На имотот се наоѓа главната куќа која има пет ката, како и две куќи за гости. Изградена е во 1939 година, за италијанскиот гроф Пија Цреспија. Имотот сеуште е во сопственост на семејството на италијанскиот гроф, поточно на нивната компанија Цреспи-Хикс Естејт Имотот во име на сопственикот ја продава познатиот американски трговец со недвижности Даглас Њуби. Низ витуелна прошетка, еве што може да купите за 135  милиони долари. http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=qQkYis9Q6TY  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган