ОВА Е ПРВАТА ЖРТВА НА ЗЕМЈОТРЕСОТ: Врз него паднал ѕид
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2017
Турчинот Синан Куртоглу(39) и еден Швеѓанин на возраст од 27 години загинале први од земјотресот кој го погоди Кос.
Тие стоеле пред ѕид кој паднал на плочникот, но прво удрил во нив, по што тие починале на лице место.
Се смета дека минаре од блиската џамија се урнало врз кафуле.
Повредени се седум лица од кои едно лице ги изгубило двете нозе.
Двајца турски државјани кои биле повредени со траект се пренесени во Турција.