25 Април, 2024
0.2422

Ова е Сири, жената со која зборувате секој ден на „iPhone”

Објавено во: Стил 05 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Сузан Бенет, жената од едно предградие на Атланта, е „Siri", односно гласот зад „виртуелната лична помошничка" на „Apple", пишува „CNN". Иако од „Apple" не потврдуваат дека таа навистина е гласот со кој се запознаени корисниците на „iOS", нејзината приказна со стопроцентна сигурност ја потврди експерт за аудио-форензика. Приказната на Бенет започнува во 2005 година, кога била ангажирана да изговара зборови и фрази во своето домашно студио. Таа се снимала по четири саати секој ден во текот на еден месец, но дури во 2011 година, кога Сири беше интегрирана во производите на „Apple", дознала дека тоа е она, откако пријателката ја повикала да и каже дека гласот кој допира од нејзиниот телефон звучи исто како Сузан. Иако своите идентитети ги открија и нејзините „двојници" во Обединетото Кралство и Австралија, а пријателите и семејството долго време ја наговарале да се покаже пред светот, таа не сакала да го стори тоа бидејќи анонимноста и одговарала. Сепак, сега таа одлучи дека дојде времето да признае која е, откако „Verge" ја објави приказната дека Сири е продуцентката и писателка Алисон Дафи.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти