OВА Е ТЕРОРИСТОТ ОД БАРСЕЛОНА: Еве што напишал на Фејсбук
Објавено во: Свет 18 Август, 2017
Шпанската полиција за нападот во Барселона го сомничи 17-годишниот Муса Оукабир, братот на момчето кое вчера се предаде.
Во комбето вчера полицијата пронајде документи на име Дрис Оукабир, по што неговата фотографија го обиколи целиот свет. Кога тој ја видел својата фотографија во медиумите, одлучил да се предаде на полицијата.
28-годишниот Дрис наводно на полицијата и рекол дека нема врска со нападот во Барселона и тогаш не ни бил во градот. Како што објавија шпанските медиуми, тој самиот кажал дека најверојатно брат му ги украл документите.Со тие документи е изнајмено комбето со кое е извршен вчерашниот масакр во Барселона во кој загинаа најмалку 13 лица, а голем број луѓе се повредени.
Полицијата засега потврди дека Дрис сигурно не го возел комбето.
Терористот на Фејсбук пишувал дека ќе убива неверници.