ОВА НЕ Е ОБИЧЕН ХОСТЕЛ: Примаат само љубители на книги
Објавено во: Стил 24 Март, 2017
„Book and Bed” е необичен хостел во Токио каде има 30 кревети, а гостите спијат меѓу полици од книги.
Менаџерите на хостелот велат дека ова е совршено место за спиење.
Наместо конфор, на гостите им ветуваат незаборавно искуство и престој меѓу книги.
Цената за ноќевање е 34 долари по ноќевање, а гостите можат да читаат во текот на ноќта за што покрај креветот имаат и светло.
Има бесплатен интернет, 3000 книги, јапонска и англиска литература.
Книгите не се на продажба, туку се нудат на луѓето да уживаат во нив.