ОВА НЕ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ: Дуќан за изнајмување на половна облека
Објавено во: Балкан 09 Март, 2017
Иако досега имаше дуќани каде се продава половна облека, од неодамна во Ниш во соседна Србија има и продавница каде може да се изнајми половна облека.
За 500 динари може да се изнајми свечен фустан, чевли и сако.
Здолништа и кошули чинат 400 динари, чанти 300 динари, а накит 100 динари.
Машките костуми се најскапи и се изнајмуваат за 1800 динари.
Сопственичката Зорана Митиќ вели дека бизнисот засега оди добро.
„Мои клиенти се млади девојки, но и жени во поодминати години. Мажите поретко се решаваат за изнајмување гардероба“ - вели таа.
Според неа, граѓаните на Ниш облека изнајмуваат за свечености.
Облеката се изнајмува за три дена, а досега не се случило клиентот да не ја врати облеката или истата да ја оштети.