25 Април, 2024
0.0440

Ова се држави каде во 2018 може да има војни

Објавено во: Свет 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Aмериканското списание „Нешенел интерест“ во своето најново издание пишува дека светот останува да биде опасно место, а дипломатската конфузија на администрацијата на Доналд Трамп само придонесува во создавањето неизвесност во светот во поглед на американските намери и способности. 

Се наведуваат пет кризи што би можеле да прераснат во отворен конфликт меѓу големите сили во 2018 година.

Како што се наведува во текстот на Роберт Фарли, петте кризи што би можеле да прераснат во конфликт меѓу големите сили во текот на 2018 година се Северна Кореја, Тајван, Украина, јужното крило на НАТО и Персискиот Залив. 

Северна Кореја без двоумење е најопасната надворешнополитичка криза со која се соочува светот денес.

Оваа земја изведувајќи ракетни проби и нуклеарни тестови, покажа дека нема намера да отстапи пред американскиот притисок. 

САД одговорија со дипломатска недоследност затоа што високите функционери честопати даваа спротивставени изјави во рок од неколку часа. 

Ситуацијата дополнително се компликува и од фактот дека и Северна Кореја и САД имаат превентивни планови – САД да ја уништат севернокорејската комуникација и инсталации пред ракетите да се лансираат, а Северна Кореја да ја избегне таквата „судбина“.

Ваквата ситуација лесно би можела да доведе до погрешни процени од која било страна и до потенцијална војна во која би можеле да бидат вовлечени и Кина и Јапонија. 

Што се однесува до Тајван, „Нешенел интерест“ оценува дека неодамнешните агресивни изјави на кинеските воени и дипломатски лидери навестуваат дека барем некој во Пекинг верува дека воената рамнотежа се поместила во нивна корист.

Таквата перцепција речиси сигурно е избрзана и не е став на целото раководство на НР Кина, но сепак е опасна.

Кина исто така ја засилува воената активност во регионот, иако имајќи го предвид нејзиниот растечки воен профил, тоа важи за речиси секој регион на нејзините граници.

САД одговорија со смиреност,  но осудувајќи ги ваквите кинески чекори, најавија крупна продажба на оружје на Тајван.

Администрацијата на Трамп, меѓутоа, ги замати дипломатските води со својот конфузен став за Северна Кореја кој вклучуваше и повик до Кина да ги засили санкциите кон Пјонгјанг.

Во односите меѓу Пекинг и Вашингтон, кои бараат предвидливост и внимателна дипломатија, значајните играчи во Кина и на САД изгледа се подготвени да ја прифатат неизвесноста, што би можело да доведе до разорен конфликт. 

Ситуацијата во Украина останува напната затоа што на истокот од земјата владее кревок прекин на огнот, констатира „Нешенел интерест“.

Во самиот Киев, демонстрациите и бизарната сага со поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили го покренаа прашањето за стабилноста на владата.

Конфликтот би можел да избие на повеќе начини. Колапсот на украинската влада, кој теоретски би бил корисен за Москва, би можел да доведе до нестабилност и насилство. 

Силите блиски на Москва би можеле да се почувствуваат засилено, а самиот Путин би можел да препознае шанса да заземе поголем дел од Украина.

Од друга страна, колапсот на владата во Киев би можел на власт да ги донесе крајните десничари, што само би долеало масло на огнот на конфлитот во Источна Украина.

Иако администрацијата на Трамп се откажа од млаката поддршка што на Киев му ја даваше Барак Обама, сериозен руски воен упад во Украина би бил закана за вовлекување на Европа и САД во конфликт со Русија.

Кога се работи за јужното крило на НАТО, оценува списанието, односите помеѓу Турција и САД практично се нарушени од минатата година, додека Анкара и Москва значително се приближиле.

Турското отуѓување од ЕУ и САД, симболизирано со купување руско оружје, би можело да води кон значајна промена во регионалниот однос на силите.

„Нешенел интерест“ истакнува дека Турција, Русија и САД не гледаат на војната како на разумен начин на  решение, туку како на нова дипломатска ситуација. Но, Турција е вонредно значајна земја и нејзиниот став влијае врз исходот од случувањата во Сирија, Ирак, Иран, на Балканот и на Кавказ.

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму