Ова се најбараните професии во развиените земји
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2017
Секоја година развиените земји објавуваат листа на дефицитарни занимања, а тоа е своевиден повик за имигрантите.
Ако сакате да почнете нов живот во странство, а вашето занимање е дефицитарно, оваа листа ќе ви ја олесни потрагата.
Нов Зеланд: столари, механичари, мајстори за гипс, возачи на камион, работници за на пат, канализација, одвод
Австралија: градежен инженер, менаџер, медицински администратор, главна сестра, сметководители
Шведска: градежници, оператори, фармацевти, терапевти, архитекти, пекари, бабици, медицински сестри, возачи, бармени
Австрија: градежници, монтери, инженери, енергетичари
Германија: заварувачи, мехатроничари, професионалци за работа со електрични машини, водоинсталатери