Ова се најзагадените места во светот...
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2016
Утврдено е дека чадот од депониите во Индија предизвикува стотици пати повеќе мутации во споредба со обичниот загаден воздух.
Депониите крај патиштата во Индија веројатно се најзагадените места на планетата, бидејќи нивото на штетни материи во чадот е илјада пати над нормалата и содржи цела палета отрови, предупредуваат еколозите во статија во списанието „Атмосферик инвајармент".
Индија не е единственото место каде што луѓето се однесуваат неодговорно кон сметот загрозувајќи го сопствениот живот.
Во Кина проблемот со загадувањето на воздухот е буквално смртоносен.
Годишно луѓето и индустриските претпријатија во светот произведуваат околу две милијарди тони течни и цврсти отпадоци. Голем дел од нив се согоруваат на депонии кои во развиените земји обично се далеку од населени места и патишта, во објекти со инсталации за користење.