20 Април, 2024
0.0249

ОВА СИГУРНО НЕ ГО ЗНАЕТЕ: Кои се историските ликови на картите, меѓу нив има и македонски лик!

Објавено во: Стил 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Нема личност на светот која барем еднаш во животот не играла некоја игра со карти. Шпил од 52 карти е добро познат во светот, а ликовите на кралевите, дама и џандарите денес се речиси универзални, а секако препознатливи секаде.

Сепак, што ако ви кажеме дека зад нивните лица не се кријат измислени јунаци настанати со фантазијата на некои стари печатари, туку вистински историски личности?

За тоа како картите стигнале до Европејците и денес постојат повеќе теории. Најверојатната е дека допатувале од Кина, Индија и Персија и тоа сосема сигурно во втората половина на XIV  век бидејќи оттогаш потекнуваат првите црковни забрани кои му ветуваат пекол на секој кој ќе се коцка и потклекне пред оваа „ѓаволска работа“.

Составот и изгледот на шпиглови се разликувал од земја до земја, а слично било и со бројот на карти. Италијанските шпилови, на пример имале 56 карти. Вообичаен шпил од 52 карти кој денес е најраспространет води потекло од француските карти од 15 век.

Историчарите и денес нагодуваат дека картите со четири знаци-треф, пик, каро и херц (детелина, лист, ромб, и срце) претставувале четири средновековни слоја на општетството. Трефовите така ги симболизираат селаните (детелината е храна за прасиња), пикови-аристократија (како слика на копја, симбол на витези), карови -богаташи, а херцовите се црковните старешни.

Некаде во ова време почнуваат и масовните производства на карти кои наскоро целосно го заменуваат рачното осликување кое прво постоело. Француските мајстори стануваат познати ширум Европа пред се затоа што го усовршиле производството со помош на дрвен блок и бакарни плочи што им овозможило картите да ги произведуваат побрзо од било кој друг.

Токму тие почнуваат и да им доделуваат имиња на „картите со лица“, таканаречени кралеви, дами и џандари иако идентитетие на личностите кои ги претставувале се менувале во зависност од произведувачот и неговите желби.

Посебно се личности на кралеви кои се наоѓале на картите кои биле подложни на промени...

Крал срце – Францускиот крал Карло Велики

Крал детелина – Александар Велики

Крај лист – Израелскиот крал Давид

Крал коцка – Јулиј Цезар

Дама срце – библиска личност, убавата вдовица Џудит која ја искористила својата убавина и итрина да му ја исече главата на асирскиот војсководец Холоферн

Дама коцка – Рахила, втората жена на пророкот Јаков и мајката на Јосиф и Венјамин

Дама детелина – Аргеја, митолошка принцеза од Арг.

Дама лист – Грчката божица Атена

Џандар срце – Етјен де Винјолес, соборец на Јованка Орлеанка

Џандар детелина – Јуда Макавејски, херој на еврејската буна против владеењето на Селеукид

Џандар лист – Холгар, личност од данската епска поезија

Џандар коцка – грчкиот херој Хектор, син на тројанскиот крај Пријам и соперник на Ахил, овековечен во Хомеровата „Илијада“.

После Француската револуција е прекината праксата на печатење имиња на картите, бидејќи било потребно што порано да се раскине со било какви монарски обележја.

Станувало збор за привремена пракса и затоа може да се каже дека денешните кралски фигури на картите (посебно кога знаеме дека повеќето од нив се произведуваат во Кина) веројатно немаат многу заедничко со своите први примероци. Приказната, сепак останала.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган