28 Март, 2024
0.0249

Оваа индустрија ќе вработи 2 милиони нови работници во следните 20 години

Објавено во: Стил 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Aмериканската компанија Боинг проценува дека на светската авијација ќе и бидат неопходни 637 000 нови пилоти во текот на наредните 20 години за се испрати темпото на раст на воздушниот сообраќај, се наведува во денешната објавена студија.

Таа процена е за 3,2 отсто поголема од минатогодишната. Боинг веќе осум години работи на истражување за авиоиндустријата.

Во предност е азиско-пацифичкиот регион со потребните 253 000 пилоти. Следи Северна Америка со 117 000 и Европа на која ќе и бидат потребни 106 000 квалификувани луѓе во период 2017-2036 година.

Многу експерти тврдат дека сите светски компании се загрижени поради недостигот на пилоти.

Кога се во прашање техничарите на одржување авиони, процените се дали ќе бидат потребни 648 000, што е 4,6 отсто помалку отколку во претходниот извештај. Како причина се наведува бројот на час потребни за одржување на авионот „Boing 737 MAX“.

Во истиот период ќе бидат потребни 839 000 стјуарди и стјуардеси.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи