Оваа земја е втора во светот по извозот на оружје
Објавено во: Свет 24 Март, 2017
Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека за 2016 година, земјата успеала во странство да продаде оружје и воена техника во вредност од повеќе од 15 милијарди долари, објави весникот „Коммерсант”.
Тој потсети дека Русија го зазема второто место во светот по извоз на оружје, и првото место го отстапува единствено на САД.
Според истражувањето на весникот во текот на минатата година биле потпишани договори со Алжир, Виетнам, Кина и Индија. Во 2017 година Москва се надева да склучи нови зделки вредни милијарди долари.
„Руската воена техника се испорачува во 52 земји во светот”- истакна Путин за време на седницата на комисијата за воено-техничка соработка.
Меѓу договорите склучени во 2016 година, кои вреди да се споменат, се договорите со Кина за испорака на воздухопловни мотори Ал-31Ф и Д-30КП2 кои се во вредност од над 1,2 милијарди долари.