Оваа земја го зголеми производството на опиум
Објавено во: Економија, Свет 23 Октомври, 2016
На територија на Авганистан се одгледува опиумски мак на површина од 201.000 хектари, што е за 10% повеќе во однос на лани кога беа засадени 183.000 хектари.
Ова го соопштуваат од Обединетите нации и од Владата во Авганистан.
Производството оваа година е 4.800 тони во однос на 3.300 тони лани.
Авганистан произведува повеќе од 80% од светските количини на опиум.
Тој е исушен млечен сок кој се добива од изрежани главици од мак. Содржи 25% алкалоиди заради што има наркотични својства. Од алкалоидите најзастапен е морфиумот.