Оваа земја ќе воведе две нови занимања
Објавено во: Економија, Балкан 30 Септември, 2016
Хрватска во својот регистар на професии ќе воведе две нови занимања.
Се работи за професор за возрасни и андрагог, човек кој се грижи за установата каде се образуваат возрасни луѓе. Ова се прави со цел да се воведе ред во оваа бранша. Во земјата има 506 организации кои се занимаваат со образование на возрасни, во нив се школуваат 127.751 луѓе, додека со нив работат 10.620 наставници.
Од 2017 година ќе има студии за наставник за возрасни во траење од два семестри.