20 Април, 2024
0.0247

Оваа земја масовно купува злато во прачки

Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Се зголемуваат резервите со злато на Русија. 

Централната банка во земјата од скоро масовно купува злато во прачки. 

Според зборовите на аргентинскиот финансиски експерт, Габриел Рубинштајн таа политика има за цел да ја заштити руската економија во случај на следна кризна ситуација. Тука се мисли на американските манипулации со доларот. Централната банка на Русија значајно го зголемила темпото на откуп на злато. 

„Земјите го складираат златото од одбранбени и од стратешки причини. На пример во случај кога односите меѓу земјите се нарушени и нивната валута ја губи вредноста, добро е да се има злато, кое има вистинска вредност во споредба со другите финансиски средства. Русите сметаат дека е подобро да го имаат овој благороден метал отколку да поседуваат резерви во долари“- вели  Рубинштајн.

Во периодот од јануари до септември оваа година купила 4,2 милиони унци или околу 130 тони од тој метал во вкупна вредност од пет милијарди долари, што е за 15% повеќе во однос на истиот период лани. 

Инаку, Светскиот совет за злато (World Gold Council/WGC) во јуни објави нов попис на земји кои имаат најголеми златни резерви, а на првото место се Соединетите Американски Држави, со 8.133,5 тони.

На листата се наоѓаат 100 најбогати земји, а на второто место е Германија со 3.377,9 тони, додека на третото место се наоѓа Меѓународниот монетарен фонд со 2.814, 0 тони.

Помеѓу 10 најбогати се наоѓаат Италија, Франција, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин