18 Април, 2024
0.0291

Оваа земја не е во еуфорија по победата на Трамп...

Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Русија не е во еуфорија по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, бидејќи милијардерот може да се покаже исто толку антируски поставен како својот претходник. 

Ова го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, пренесува Франс прес.

„Нема никаква еуфорија. Не сакам да создаваме впечаток дека сме исполнети со надеж" - рече Рјабков за руската агенција Интерфакс.

Не очекуваме ништо посебно од новата американска администрација, додава Рјабков. Вели дека Москва имала контакти со екипата на новоизбраниот американски претседател, но не даде повеќе детали.

„Позициите кои Трамп и луѓето од изборниот штаб ги изразија во однос на Русија за време на предизборната кампања, беа доста тврди“ -  рече тој.

Овие коментари се разминуваат со мислењето изразено во последно време од руски државници кои беа благонаклони кон Трамп, отколку кон опонентката Хилари Клинтон, истакна АФП.

Клинтон неколкупати го обвини својот противник од Републиканската партија дека е марионета на Владимир Путин.

Рускиот претседател му честиташе вчера на Трамп за победата и изрази подготвеност да го направи неопходното од своја страна за обновување на односите со Вашингтон.


Можеби ќе ве интересира

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех