24 Април, 2024
0.0286

Оваа земја се затрупа во злато

Објавено во: Економија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Русија ги зголемува резервите со злато. 

Од ноември рускиот претседател, Владимир Путин ја зголеми државната каса со 72 тони злато.

Само во последните 3 години земјата купила 580 тони злато, покажуваат податоците на Светскиот совет за злато. Имено, во последните 36 месеци земјата е доста активна: купила 173 тони во 2014 година, 206.4 тони во 2015 година и 200.7 тони во изминатата 2016 година.

Со ова Русија го продолжува нагорниот тренд на зголемување на златните резерви, кој трае веќе 11 години. Во текот на овој период, Русија има купено, претежно на домашниот пазар, вкупно 1228.4 тони злато.

Овој тренд продолжува и во 2017 година, затоа што според последните податоци, во јануари се купени нови 29.9 тони. Со тоа резервите од злато на Русија достигнуваат 1645.1 тони, што е еквивалентно на 16.2 отсто од вкупните резерви на земјата.

Тоа ја сместува Русија на шестата позиција меѓу државите со најголеми златни резерви во светот. Лидер продолжува да е САД со 8133 тони, следена од Германија и Италија со 3377.9 и соодветно 2451.8 тони, а зад нив е Франција – која располага со 2435 тони златни резерви. На петто место  е Кина, која е втор најголем купувач во последните години.

Активни на пазарот во текот на изминатата година биле и Казахстан и Катар, кои купиле 36.2 и 7.5 тони злато, додека резервите на Белорусија пораснале за 4.2 тони.

Најголемите продавачи во 2016 година се Турција и Венецуела – ги намалиле резервите за 138.5 и 85.5 тони.

Намалување на резервите во последните 12 месеци бележат и Азербејџан и Аргентина, кои продале по 10.2 и 5 тони, додека продажбите на Јордан, Унгарија и Германија изнесуваат 3 тони.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска