Овие земји најмногу заработуваат од туризам
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017
Иако Хрватска урива рекорди со приходи од туризам, сепак таа е зад други земји кои немаат море, а се слични по големина.
Во 2015 година Хрватска од туризам инкасирала 8.8 милијарди американски долари.
Шведска имала 12.2 милијарди долари, Австрија 18.3, Белгија 11.7, Холандија 13.2, Португалија 12.6, а Грција 15.7 милијарди долари.
Хрватска е рекордер по уделот на девизни приходи во БДП со 18.1%.
Во Данска девизните приходи во БДП учествуваат со 2.2%, во Финска 1.2%, Ирска со 1.7%, Шведска 2.5%, Британија 1.6%.
Во Австрија девизните приходи со 4.9% учествуваат во БДП, во Белгија со 2.6%, во Франција 1.9%, Германија 1.1%, Луксембург 7.2%, Чешка 3.3%, Естонија 6.6%, латвија 3.3%. Сепак, се наведува дека туристичките приходи не се нешто на што сигурно може да се смета. За Хрватска се споменува дека во секторот туризам вработените добиваат плати кои се потпросечни.