Овој балкански град го очекува милионитиот турист
Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2016
За прв пат оваа година Дубровник до Нова година ќе го прими милионитиот турист.
Директорката на Туристичката заедница во градот, Романа Влашиќ вели дека оваа сезона била одлична.
„За прв пат во историјата се доближуваме до милионитиот турист. Имаме за 11% повеќе туристи, поминавме 3 милиони ноќевања. Сега сме на 930.000 посети, а сезоната беше навистина одлична. Овој месец имаме за 29% повеќе посети и гости за разлика од истиот период лани. Има многу конгреси и хотелите во Дубровник се 90% полни. Се надеваме дека освен Лондон, Франкфурт, Инстанбул, ќе имаме повеќе летови и во зима“ - вели таа.
Следната година се очекуваат уште подобри резултати.