Овој град е вистински рај за трговски центри
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2017
Порталот Siol.net анализира во кои градови во Словенија има највеќе простор за продажба во трговските центри.
Во Словенија трговски центри никнуваат како печурки по дожд.
Ова ја прави земјата во европскиот врв кога се во прашање трговските центри.
Само во Љубљана следната година ќе има три големи трговски центри.
Еден од комплексите ќе биде со површина од 59.000 квадрати.
Во Словенија според истражувањето на Siol.net лидер по простор во трговските центри е Ново Место. Секој граѓанин има на располагање по 3.5 метри квадратни простор.
Овој град има три пати повеќе простор во трговските центри од просекот на Словенија.